Украина самата даде повод за приклучување на Крим кон Русија, изјави претседателот на Белорусија, Александар Лукашенко, а пренесува РИА Новости.
„Барајте ги причините не кај Русија, туку во себеси. Вие самите дадовте повод за приклучување на Крим кон Русија“, изјави Лукашенко на конференција за печатот за руските медиуми.
„Се слушаат изјави дека Русија сака да ја земе и Источна Украина. Јас во тоа не верувам“, изјави Лукашенко. „Да се припои територија не е проблем, но што да се прави после со неа?“, праша тој.
Притоа, Лукашенко е уверен дека без поддршка на Русија народната одбрана во истокот на Украина нема да издржат долго. „Русија, сметам, е принудена да ги заштитува тие територии. Таму живеат враќа, а браќата не може да се остават во невола“, изјави Лукашенко.
Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.
Претплатете се
на нашиот билтен!
Добивајте ги најдобрите стории на неделата директно во вашето сандаче