Западни медиуми: банкарскиот сектор на Русија ги поминува најтешките времиња од 2008 година

Според Financial Times, теоретски постои можност да се избегне криза.

За рускиот банкарски сектор настапија најпроблематичните времиња од крајот на глобалната финансиска криза во 2008 година, пишува The Financial Times. Како што пишува весникот, голем дел кредитни организации во Русија останаа фактички отсечени од западното финансирање поради санкциите на САД и ЕУ.

Изданието забележува дека намалениот курс на рубљата во меѓувреме може да ги пробуди руските потрошувачи, терајќи ги да ги повлекуваат своите заштеди од банкарските сметки и да купуваат долари. Тие фактори, заедно со падот на цената на нафтата - создаваат недостаток од доларско финансирање во банкарскиот систем на Русија, се кажува во статијата.

Во моментов банките и органите се справуваат со проблемите, но ако санкциите продолжат долгорочно, ситуацијата може да се заостри и да се рефлектира не само на банките, но и на економијата на Русија, пишува весникот.

Што се однесува од руските потрошувачи, тие преживеаја две кризи во 1998 и 2008 година, па сега се пооптимистично настроени и не брзаат со купувањето девизи, подвлечено е во статијата. Притоа, руските валутни резерви остануваат на ниво од 450 милијарди долари, со што Централната банка има можност да го намали падот на курсот на рубљата за да избегне паника помеѓу населението, забележува весникот.

Ако санкциите против Русија не бидат укинати, руските банки ќе се судрат со сериозна кредитна криза во 2016 година, се кажува во статијата. Теоретски, време за решавање на тој проблем има, додава весникот. 

Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.

Овој веб-сајт користи колачиња. Кликнете овде за да дознаете повеќе.

Прифати колачиња