Санкциите кои Европската унија ги воведе против Русија во контекст на ситуацијата во Украина не се самите по себе цел, изјави Ангела Меркел за време на своето обраќање во Бундестагоѕ, пренесува ИТАР-ТАСС.
Според зборовите на шефот на германскиот кабинет на министри, санкциите против Русија се важен механизам за вршење притисок, но „не се цел самите по себе“. „Ние бараме дијалог со Русија. Санкциите не го исклучуваат дијалогот“, изјави Меркел.
„Ние бараме реализација на договорот од Минск, повлекување на руската војска од границата, одржување избори на локалните органи на власта на истокот на Украина во склад со украинското законодавство“, изјави канцеларката.
„Русија треба да го даде одлучувачкиот придонес во деескалацијата на ситуацијата во Украина“, изјави Меркел.
Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.
Претплатете се
на нашиот билтен!
Добивајте ги најдобрите стории на неделата директно во вашето сандаче