Украина, Црна Гора, Исланд, Албанија и неколку други држави се приклучија на последниот пакет санкции против Русија, се известува во соопштението од советот на ЕУ.
Советот на ЕУ во септември донесе решение да се воведат дополнителни ограничувања на руските банки и нивниот пристап кон пазарот на капитал во ЕУ. Исто така, беше воведена и забрана за извршување услуги и проекти во нафтената сфера.
„Членовите-кандидати за членство во ЕУ (Црна Гора, Исланд и Албанија), како и Украина се приклучија кон ова решение“, се кажува во соопштението.
ЕУ, САД, Канада и Австралија поради ситуацијата во Украина од март до септември воведоа санкции против неколку бизнисмени, политичари и компании. Исто така, на некои банки им беше забрането долгорочното финансирање, а на нафтените компании им е забрането да произведуваат нафта од тешко достапните арктички реони. Како одговор на ова, Русија воведе ембарго за испорака на некои видови производи и стоки од ЕУ во Русија.
Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.
Претплатете се
на нашиот билтен!
Добивајте ги најдобрите стории на неделата директно во вашето сандаче