Заменикот на генералниот секретар на НАТО, Александар Вершбоу изјави дека ПРО базата во романскиот град Девеселу и ПРО системот на Алијансата не претставуваат закана за Русија.
„Русија и НАТО одамна се согласија дека постои опасност од балистички ракети. НАТО треба да се заштити себеси, исто како и Русија“, напиша Вершбоу во својот Твитер.
Според неговите зборови, и покрај „сите докази, Русија не сака да осознае дека противракетниот систем на НАТО ќе ја подобри регионалната безбедност“.
„И покрај многубројните изјави на Русија, противракетниот систем на НАТО и објектот во Романија не претставуваат закана за Русија“, подвлече заменикот на генералниот секретар на НАТО.
Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.