Повеќе од половина од Русите секојдневно користат Интернет, а најчесто ги интересираат вестите, социјалните мрежи, музиката и филмовите, покажува анкетата на Серускиот центар за проучување на јавното мислење (ВЦИОМ).
За една година бројот на интернет-корисници во Русија не се изменил - 66% од Русите користат Интернет, а секојдневно дури 46%.
Според ВЦИОМ, на Русите Интернет им е потребен за да прочитаат за да прочитаат за најновите вести во државата и светот (82% од корисниците читаат вакви информации) или да си го прошират својот светоглед.
Голема популарност имаат и различните мултимедијални ресурси - музика, филмови, книги (80%). 77% од Русите користат електронска пошта, а дури 74% имаат социјални мрежи преку кои комуницираат со своите блиски.
Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.
Претплатете се
на нашиот билтен!
Добивајте ги најдобрите стории на неделата директно во вашето сандаче