Премиерот на Австралија сака „сериозно да поразговара“ со Путин на самитот Г-20

Тони Абот сака да разговара со Путин за Боинг 777.

Премиерот на Австралија, Тони Абот изјави дека за време на самитот на Г-20 ќе изврши „остар разговор“ со претседателот на Русија, Владимир Путин за рушењето на Боингот 777 кај Донецк, пренесува РИА Новости.

„Ни претстојат многу сериозни разговори со Русија, но мислам дека најостриот од сите ќе се води меѓу мене и господинот Путин“, изјави Абот.

Тони Абот во својата изјави го употреби терминот "shirtfront" од австралискиот фудбал, кој означува челен удар од противникот со цел негово соборување и одземање на топката.

„Јас ќе го нападнам (shirtfront) господинот Путин, можете да бидете сигурни во тоа“, изјави премиерот. 

Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.

Овој веб-сајт користи колачиња. Кликнете овде за да дознаете повеќе.

Прифати колачиња