Србија нема да воведува санкции против Русија и покрај притисокот од страна на Европската унија, изјави амбасадорот на Србија во Русија, Словенко Терзиќ во програмата на „Руската служба за вести“.
„Поради историските врски меѓу нашите држави и состојбата на односите денес, ние не сакаме да се приклучуваме кон санкциите против Русија. Тоа е наша јасна позиција“, подвлече амбасадорот.
Според неговите зборови, српските власти имаат притисок од страна на Европската унија. Србија сака да се приклучи кон ЕУ, но смета дека е неприфатливо во процесот да има конфликт во односите со Русија.
Претходно од ЕУ беше изјавено дека доколку Србија сака да е приклучи кон ЕУ, таа треба да се приклучи кон санкциите.
Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.