Кина ќе ги зголемува трансакциите со Русија во националните валути

Кина и Русија намерени да ги користат своите валути во меѓусебната трговија.

Кина планира да го зголемува бројот на трансакции со Русија со користење на националните валути, извести заменикот претседател на Државниот совет на Кина, Ван Јан.

 Во саботата во Сочи се одржа 9-от кинески економски форум, за време на кој се разговараше за инвестициската, економската и индустриската соработка меѓу двете држави.

Според зборови на Ван Јан, Кинеската народна република планира да ги отвори пазарите и да ги зголеми трансакциите со националните валути.

Тој забележа дека се планира и развивање на финансиските институти на двете држави и засилување на економските врски меѓу руските и кинеските региони. 

Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.

Повеќе возбудливи стории и видеа на Фејсбук страницата на Russia Beyond-Македонија

Овој веб-сајт користи колачиња. Кликнете овде за да дознаете повеќе.

Прифати колачиња