Русија е подготвена за праќање уште еден конвој со хуманитарна помош во Украина

Нов хуманитарен конвој се подготвува за праќање во југоисточна Украина.

Роковите за испраќање на нов конвој со хуманитарна помош на југоистокот на Украина засега не се определени, но подготовките се во тек, пренесува РИА „Новости“, повикувајќи се на зборовите на Александар Лукашевич, претставник на МНР на Русија.

„Во оперативна смисла засега немам информации, но веќе се зборува за определени датуми. Сите тие прашања ги решава Министерството за вонредни состојби“, изјави тој.

 На 3 октомври шефот на самопрогласената Луганска народна република, Игор Плотницки изјави дека датумот за испраќање нов хуманитарен конвој од Русија во Украина ќе стане познат за 3-4 дена. 

Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.

Овој веб-сајт користи колачиња. Кликнете овде за да дознаете повеќе.

Прифати колачиња