Мостот преку Керченскиот залив треба да биде изграден до крајот на 2018 година, изјави претседателот на Русија, Владимир Путин за време на заседанието на президиумот на Државниот совет, а пренесува агенцијата ИТАР-ТАСС.
Шефот на државата истакна дека во сферата на транспортот Русија во последните неколку години доста има направено. Тој потсети дека развојот на сообраќајот во последните неколку години добива посебно внимание. За четири години финансиските ресурси во оваа сфера се зголемени двојно и е интензивирана изградбата, реконструкцијата и поправките на патиштата.
Сепак, заклучи претседателот, транспортната сфера уште е проблематична во Русија. Притоа, задача на руските власти е патната инфраструктура да ја претвори во една од најсилните локомотиви за развој на економијата и земјата.
Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.
Претплатете се
на нашиот билтен!
Добивајте ги најдобрите стории на неделата директно во вашето сандаче