Русија нема повторно да го разгледува договорот за приватизација на српската компанија NIS

Србите сакаат да ревидираат некои од точките во договорот за продажба на NIS.

Русија не планира повторно да го разгледува договорот со Србија, врз основа на кој е направена приватизацијата на компанијата NIS, изјави за новинарите шефот на Министерството за енергетика на Русија, Александар Новак.

Премиерот на Србија, Александар Вучиќ во август изјави дека државата ќе побара од руските власти повторно да се разгледа договорот за приватизација на NIS.

„Никакви измени нема да се прават. Целиот договор е извршен во апсолутно законски услови. Сметаме дека прашањата кои денес се поставуваат треба да се разгледаат одделно, бидејќи претпријатието работи, инвестира и плаќа даноци“, изјави Новак.

NIS беше приватизирана во 2008-2009 година. „Гаспром нафта“ тогаш купи 51% од акциите во рамките на меѓународниот договор меѓу Србија и Русија. Руската компанија плати 400 милиони евра и даде инвестициски обврски на сума од 500 милиони евра. 

Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.

Овој веб-сајт користи колачиња. Кликнете овде за да дознаете повеќе.

Прифати колачиња