Русија планира да создаде хидрометеоролошки систем за набљудување на Арктикот

За реализирање на овој проект ќе бидат лансирани два сателита.

Русија планира создавање хидрометеоролошки систем за набљудување на Арктикот, се кажува во пораката, објавена на официјалната интернет-страница на Роскосмос, пренесува ИТАР-ТАСС.

„Русија планира лансирање на проект за создавање хидрометеоролошки систем ‘Арктика-М’. Два сателита ќе бидат лансирани на високоелиптична орбита околу Земјата, а нивна задача ќе биде да го набљудуваат Арктикот“, додава космичката агенција.

Сателитите „Арктика-М“ ќе му помогнат на Хидрометеоролошкиот завод да добие поточни податоци за прогноза на времето, а исто така, сателитите ќе помогнат за подобра еколошка контрола на природната средина. Освен тоа, системот ќе може да ги прогнозира условите за летовите на авијацијата, состојбата на атмосферата и магнетското поле на Земјата. 

Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.

Овој веб-сајт користи колачиња. Кликнете овде за да дознаете повеќе.

Прифати колачиња