Москва го осуди вандализмот кон спомениците на советските војници во Полска и бара почитување на договорот за погребување и спомен-местата на жртвите на војната и репресиите, изјавено е во МНР на Русија.
Повторно сме принудени со жалење да констатираме дека во Полска продолжуваат вандалските акти против спомениците посветени на советските војници кои се бореа во Втората светска војна и ја ослободија земјата од нацистичките окупатори. Неодамна беа сквернавени спомениците во градовите Прушч и Нови Сонч.
Во МНР на Русија сметаат дека „војната со спомениците, како и со споменот за луѓето кои го дале животот за слободата и независноста на полскиот народ, е некомпатибилна со принципите врз кои се основа цивилизираното општество“.
Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.
Претплатете се
на нашиот билтен!
Добивајте ги најдобрите стории на неделата директно во вашето сандаче