Русија е подготвена да лансира три телекомуникациски сателити „Гонец“

Три сателита од нискоорбиталниот телекомуникациски систем „Гонец“ ќе бидат лансирани во почетокот на 2015 година, соопшти заменикот на генералниот конструктор од компанијата „Информатички сателитски системи“, Јуриј Вигонски.

„Во моментов на орбитата работат седум вселенски апарати од системот ‘Гонец’. Уште три се наоѓаат на Земјата. Сателитите се произведени и предадени на нарачателот. Се очекува нивното лансирање во орбитата. Планирано е тие сателити да бидат лансирани на почетокот на 2015 година“, изјави Вигонски за новинарите во средата.

Системот ‘Гонец’ е предвиден за трансфер на податоци од различен вид, вклучувајќи ги и податоците кои доаѓаат од ГЛОНАСС. Врската се остварува преку група на нисколетечки вселенски апарати на висина од 1.400 километри.

Услугите на овој систем ги користат за мониторинг на различни инфраструктурни објекти, пренесување на навигациски податоци добиени од ГЛОНАСС, како и лична врска на големи далечини. 

Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.

Повеќе возбудливи стории и видеа на Фејсбук страницата на Russia Beyond-Македонија

Овој веб-сајт користи колачиња. Кликнете овде за да дознаете повеќе.

Прифати колачиња