Руските градежници на нуклеарни објекти планираат да реализираат проекти за изградба на нуклеарни централи во трети земји заедно со колегите од Белорусија, соопшти генералниот директор на руската обединета инженерска компанија „НИАЕП“ – „Атомстројекспорт“, Валериј Лимаренко.
Од белоруска страна ќе бидат избрани најдобрите инженери кои пројавиле посебен професионализам за време на изградбата на Белоруската нуклеарна централа. Оваа централа се гради недалеку од селото Островец и истата има два реактора со сила од 2.400 мегавати. Првиот блок треба да биде пуштен во работа во 2018 година, а вториот во 2019 година.
„Белоруските градежници и инженери се висококвалифицирани, добро учат. Тоа го забележавме ние и владата на Белорусија“, изјави Лимаренко.
Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.
Претплатете се
на нашиот билтен!
Добивајте ги најдобрите стории на неделата директно во вашето сандаче