Министерот за надворешни работи на Русија, Сергеј Лавров во Њујорк разговараше со министерот за надворешни работи на Куба, Бруно Родригез за понатамошното зацврстување на стратешкото партнерство меѓу двете држави, како и за редица други прашања околу меѓусебната соработка, пренесено е на интернет-страницата на МНР на Русија во саботата.
„Од страните е потврдена меѓусебната желба и стремеж за понатамошно зацврстување на стратешкото партнерство меѓу двете држави, како и реализирање на договорите постигнати за време на посетата на Владимир Путин во Куба во јули годинава“, се кажува во соопштението.
Исто така, министрите разговараа за основните прашања кои ги засегаат Русија и Куба, беа разменети мислења за актуелните меѓународни и регионални проблеми. Министрите разговараа за можноста за праќање лекари за борба против еболата во африканските држави.
Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.
Претплатете се
на нашиот билтен!
Добивајте ги најдобрите стории на неделата директно во вашето сандаче