Прашањето за исклучување на Русија од банкарскиот систем SWIFT не се наоѓа на редослед за разгледување од страна на Европската комисија. Ова го изјави за „Газета.ру“ извор во Брисел, близок до Европската комисија.
„После многу разговори стана јасно дека ќе треба да се бараат други патишта за реализација на санкциите“, забележа изворот.
Претходно се обзнани дека Велика Британија планира на претстојниот самит на Европската унија да го предложи за разгледување прашањето за блокирање на пристапот на Русија кон банкарскиот систем SWIFT.
Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.
Претплатете се
на нашиот билтен!
Добивајте ги најдобрите стории на неделата директно во вашето сандаче