Пушков: Што и да правиме, против нас ќе воведат санкции

Приврзаниците на борбените дејства во Украина вршат огромно влијание врз претседателот на државата, Петро Порошенко, смета шефот на комитетот во Државната дума за меѓународни односи, Алексеј Пушков.

Приврзаниците на борбените дејства во Украина вршат огромно влијание врз претседателот на државата, Петро Порошенко, смета шефот на комитетот во Државната дума за меѓународни односи, Алексеј Пушков. Во интервју за австрискиот весник Die Presse тој забележа дека оддалечувањето на гледиштата на политичкото мнозинство е опасно за Порошенко.

Исто така, според неговите зборови, со воена реторика се користи Јулија Тимошенко за да се врати повторно на политичката сцена. „Таа е циничен политичар кој прави сѐ за да дојде повторно на власт“, коментираше Пушков.

Русија, пак, подвлече Пушков, се стреми да го прекине вооружениот конфликт во Украина, бидејќи „граѓанската војна не води никаде“: украинската армија, според неговите зборови, не може да дојде до решителна победа, а народниот отпор, пак, е способен „да дојде до Киев“. Според ова, забележува Пушков, цели градови можат да бидат уништени, но ниту една страна, притоа, може да не победи.

„Нашата долгорочна цел е Источна Украина и Киев да најдат таква форма на заемно постоење, при која на истокот ќе му биде гарантиран посебен статус“, појасни Пушков во интервјуто.

Коментирајќи ги последните санкции на ЕУ против Русија, тој изјави дека „против нас ќе воведат санкции, ма што и да би правеле ние“, забележа Пушков, забележувајќи дека договорот за прекин на огнот беше потпишан благодарејќи на Русија. 

Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.

Овој веб-сајт користи колачиња. Кликнете овде за да дознаете повеќе.

Прифати колачиња