Повторно жена во космосот

Извор: Рамиљ Стидиков / РИА Новости

Извор: Рамиљ Стидиков / РИА Новости

Елена Серова е првата жена-космонаут на орбитата по 17-годишна пауза.

На 26 септември Русинката Елена Серова, која е космонаут, замина на Меѓународната вселенска станица. Ракетниот носач „Сојуз-ФГ“ со пилотирачкиот брод „Сојуз ТМА-14М“ беше лансиран од космодромот Бајконур. Освен Серова, во состав на екипажот се и космонаутот на Роскосмос Александар Самокутјаев и астронаутот на НАСА Бари Вилмор. Експедицијата ќе трае 170 дена. 

Маскота на експедицијата е олимпиското зајче. „Тоа не е само зајче-играчка, тоа е зајак од Олимпијадата кого мојата ќерка го обожава“, вели Серова на која командантот на посадата ѝ даде право да ја избере маскотата на експедицијата. 

Елена Серова е четвртата Русинка која ќе престојува во вселената и прва жена на орбитата во последниве 17 години.

Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.

Овој веб-сајт користи колачиња. Кликнете овде за да дознаете повеќе.

Прифати колачиња