Рогозин: Русија до 2020 година ќе го обнови нуклеарниот потенцијал

Русија до 2020 година ќе го обнови стратешкото нуклеарно вооружување не во обем од 70%, како што се планираше досега, туку во целост, смета вицепремиерот на Русија, Дмитриј Рогозин.

Русија до 2020 година ќе го обнови стратешкото нуклеарно вооружување не во обем од 70%, како што се планираше досега, туку во целост, смета вицепремиерот на Русија, Дмитриј Рогозин.

„Формирањето на техничката основа на стратешките нуклеарни сили кај нас се одвива побрзо од очекуваното, па наместо планираните 70%, ќе обновиме 100% од нуклеарниот потенцијал“, изјави Рогозин за телеканалот „Русија 24“.

Вицепремиерот напомна дека до 2015 година армијата и флотата треба да имаат во својот состав 30% „ултрасовремено оружје“, а до 2020 – 70%.

Притоа, Русија треба да создаде компактна армија, која по потреба ќе може да се префрли на „било кое поле на воени дејства“. 

Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.