Бројот на туристи во Русија за првите шест месеци од 2014 година останува непроменет и покрај санкциите, а внатрешниот туризам во Русија покажа раст, изјави министерот за култура на Русија, Владимир Медински.
„Во моментов, и покрај многубројните разговори за санкциите, пограничната статистика во првото полугодие не забележа позитивна или негативна динамика на приливот на туристи во Русија. Тоа означува дека бројот на туристи кои доаѓаат во Русија не е променет“, изјави Медински.
Според неговите зборови, бројот на туристи кои доаѓаат од Германија, Италија и Шпанија е намален, а намалувањето изнесува од 5 до 15%.
Внатрешниот туризам, како што забележа министерот за култура, расте. „Годинава, во споредба со минатата година, се забележа раст од 15%“, забележа министерот за култура.
Повеќе околу темата:
Ермитаж е најдобар музеј во Европа
Еден милион туристи во Крим за првите шест месеци од 2014
Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.
Претплатете се
на нашиот билтен!
Добивајте ги најдобрите стории на неделата директно во вашето сандаче