Третина од Русите сметаат дека ДНР и ЛНР ќе станат независни републики

Третина од Русите сметаат дека Донецката и Луганската народна република после завршетокот на воениот судир со Киев ќе станат независни републики, сведочат резултатите од анкетата спроведена од фондот „Општествено мислење“ (ФОМ).

Третина од Русите сметаат дека Донецката и Луганската народна република после завршетокот на воениот судир со Киев ќе станат независни републики, сведочат резултатите од анкетата спроведена од фондот „Општествено мислење“ (ФОМ).

Киевските власти водат преговори со припадниците на народната одбрана на Донбас со посредништво на Русија и ОБСЕ. На 5-ти септември тие се договорија за прекин на огнот и решавање на неколку прашања околу идниот статус на регионот, а на 19 септември создадоа меморандум од девет точки за негова реализација. Меморандумот вклучува во себе договарање за општ прекин на огнот.

За потпишаниот договор во Минск информирани се 42% од испитаниците, а 45% слушнале за него, но не знаат детали околу него или за резултатите од него. Уште 12% од граѓаните за прв пат слушнале за договорот за време на анкетата. Само 18% од Русите сметаат дека прекинот на огнот ќе доведе до траен мир, а повеќе сметаат (63%) дека прекин на борбените дејства нема да има. Третина од Русите – 34% сметаат дека на крај Донецк и Луганск ќе станат независни републики, а 24% сметаат дека тие ќе се најдат во составот на Русија. Само 19% од анкетираните сметаат дека овие самопрогласени републики ќе останат во составот на Украина. 

Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.

Овој веб-сајт користи колачиња. Кликнете овде за да дознаете повеќе.

Прифати колачиња