САД ќе ѝ предложат соработка на Русија во областа на нуклеарната безбедност

САД ќе ја продолжат соработката со Русија во областа на безбедноста и покрај заладувањето на односите, изјави во понеделникот министерот за енергетика на САД, Ернест Мониз за време на 58-та генерална конференција на МАГАТЕ.

„Поради причини кои се јасни на сите, во односите со Русија се забележува одредено заладување, но ние ќе ја продолжиме соработката околу конкретните проекти, пред сѐ околу тие кои се однесуваат на обезбедувањето на нуклеарната безбедност и извлекувањето на обогатениот ураниум од трети држави“, изјави Мониз за време на конференцијата за печатот.

Според неговите зборови, САД и Русија продолжуваат да соработуваат околу иницијативите кои влијаат на обете држави и се заемно полезни.

„Што се однесува до научните и енергетски проекти кои не спаѓаат под оваа категорија, ние не ги ставаме настрана. Одделно го разгледуваме секој конкретен случај“, додаде министерот. 

Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.

Овој веб-сајт користи колачиња. Кликнете овде за да дознаете повеќе.

Прифати колачиња