Шефот на Министерството за економија на Русија, Алексеј Уљукаев не гледа сериозна опасност од рецесија во руската економија во 2015 година.
„Ризикот за рецесија следната година е мал поради ниската економска база која ја имавме годинава“, изјави Уљукаев за новинарите во кулоарите на економскиот форум во Сочи.
Европската банка за реконструкција и развој ја влоши прогнозата за раст на БДП на Русија во 2015 година – организацијата очекува пад на руската економија за 0,2% во 2015 година, наместо претходното предвидување за раст од 0,6%.
Министерството за економија на Русија очекува 1,2% раст н БДП во 2015 година.
Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.
Претплатете се
на нашиот билтен!
Добивајте ги најдобрите стории на неделата директно во вашето сандаче