Најновата нуклеарна подморница „Кнез Суворов“ ќе започне да се гради во декември

Изградбата на најновата нуклеарна подморница од проектот „Бореј-А“ со име „Кнез Суворов“ ќе започне во декември во Северодвинск, изјави за РИА „Новости“ заменикот началник за производство на воена техника во „Севмаш“, Николај Семаков.

„Во декември, ако сѐ биде нормално, ќе започнеме со изградбата на нуклеарната подморница „Кнез Суворов“. Тоа е уште една нуклеарна подморница од подновениот проект „Бореј-А“, изјави Семаков.

„Кнез Суворов“ ќе стане шестата подморница од осумте планирани според проектот 955 „Бореј“. Се планира до 2020 година да бидат изградени осум подморници од оваа класа. 

Повеќе околу темата: Русија ја засилува нуклеарната тријада, Булава ги помина сите испитувања со „одличен 5“, ГРАФИКОН: Проектот 955 „Бореј“, ГРАФИКОН: Нуклеарната подморница „Јуриј Долгоруки“

Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.

Овој веб-сајт користи колачиња. Кликнете овде за да дознаете повеќе.

Прифати колачиња