Во Русија се создава егзоскелет за војниците и инвалидите

Курскиот Југо-Западен државен универзитет во текот на месецов ќе започне со создавање на егзоскелет, чија примена се планира за социјални и воени потреби, изјави во понеделникот за РИА „Новости“ претставникот на катедрата за теоретска механика и механотроника .

Егзоскелетот е предвиден за зголемување на физичката сила на човекот за сметка на искористувањето на надворешниот вештачки скелет. Примената на егзоскелетите дозволува да се намали времето потребно за рехабилитација на пациентите со ограничени можности, како и да се зголеми нивната подвижност.

„Колективот од универзитетот, колективот на катедрата за теоретска механика и механотроника го доби грантот за создавање лаборатории со современи методи и технички системи за подобрување на животната средина на човекот. Еден од клучните правци кои ќе се разработат во рамките на оваа лабораторија - е егзоскелетниот систем“, изјави соговорникот за агенцијата.

Предвидено е со егзоскелетот да можат да се подигнат 100 килограми, со него ќе може да се трча и да се скока, како и да се качува по скали.

За проектот се изделени 25 милиони рубљи, а рокот за реализација на истиот е три години. 

Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.

Повеќе возбудливи стории и видеа на Фејсбук страницата на Russia Beyond-Македонија

Овој веб-сајт користи колачиња. Кликнете овде за да дознаете повеќе.

Прифати колачиња