Матвиенко: Русија нема да остане без одговор на западните санкции

Русија нема да ги остави без одговор новите санкции од страна на Европа и САД, но реакцијата треба да биде соодветна и да биде насочена кон заштита на интересите на националанта економија, изјави за новинарите спикерот во Советот на Федерацијата на Русија, Валентина Матвиенко.

 Таа забележа дека со изненадување ги дочекала санкциите од западните држави. „Како и секоја држава која себеси се почитува, и ние, секако, не можеме да останеме без одговор. Но, сметам дека нашата реакција треба да биде спокојна, урамнотежена и адекватна, насочена кон заштита на националните интереси и националната економија“, забележа таа.

Според Матвиенко, санкциите никогаш не биле ефективни. „Веќе одамна ни е јасно дека со Русија не може да се зборува со ултиматуми, закани, санкции. Тоа е бесмислено и контрапродуктивно“, изјави Матвиенко. 

Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.