Наришкин: санкциите против Русија ќе се рефлектираат на глобалната економија

Санкциите на западните држави против Русија ќе имаат последици за светската економија, ќе настрада населението на сите вмешани држави, изјави спикерот на Државната дума, Сергеј Наришкин.

Санкциите на западните држави против Русија ќе имаат последици за светската економија, ќе настрада населението на сите вмешани држави, изјави спикерот на Државната дума, Сергеј Наришкин.

„Последиците за светската економија се реалност, бидејќи во санкциите се вклучени голем број држави“, изјави Наришкин.

Одговарајќи на прашањето дали Русија ќе настрада од санкциите, тој изјави: „Јасно е дека ќе има загуби и штета. Но дали ќе бидат силни или слаби штетите – тоа е релативно. Загуби ќе има за сите. Тоа го признаваат сите, и тие кои ги воведуваат санкциите. Истите тие изјавуваат дека ќе има штети и по сопствените граѓани“. 

Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.

Овој веб-сајт користи колачиња. Кликнете овде за да дознаете повеќе.

Прифати колачиња