Сенатор: РФ треба да воведе санкции – Европа треба да тргува со рубљи

Шефот на комитетот во Советот на Федерацијата за буџетски прашања и финансиски пазари, Сергеј Рјабухин, смета дека како одговор на санкциите на Европа, Русија треба да премине на рубљата како валута при плаќањето за нафтата, гасот и другите производи кои се извезуваат во странство.

Шефот на комитетот во Советот на Федерацијата за буџетски прашања и финансиски пазари, Сергеј Рјабухин, смета дека како одговор на санкциите на Европа, Русија треба да премине на рубљата како валута при плаќањето за нафтата, гасот и другите производи кои се извезуваат во странство. Тоа би помогнало значајно да се зацврсти националната валута.

Во петокот се обзнани дека Европската унија во рамките на новиот бран санкции го ограничи пристапот кон пазарите на капитал за некои руски компании. Освен тоа, во списокот санкции влегоа нови 24 имиња.

Шефот на банката ВТБ, Андреј Косин, претходно ги повика руските државни компании да се откажат од доларот и да преминат на користење на рубљата во надворешната трговија. Претседателот на Владимир Путин смета дека е добра идејата да се користи рубљата во трговијата, но, исто така, смета дека не треба да се носат избрзани одлуки. 

Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.

Овој веб-сајт користи колачиња. Кликнете овде за да дознаете повеќе.

Прифати колачиња