Раст на цените и сиромаштија се најголемите проблеми кои ги плашат Русите, сведочат податоците на аналитичкиот центар Левада.
Растот на цените и понатаму останува лидер меѓу најголемите проблеми кои го мачат руското општество. Според анкетата, дури 71% од анкетираните се плашат од инфлација и раст на цените.
Околу 40% од Русите се плашат од сиромаштија. Сепак, во однос на процентот граѓани кои се плашат од сиромаштија, се забележува позитивна тенденција во споредба со претходната година, кога овој показател бил повисок за 15%.
30% од граѓаните се плашат од големата поделеност на богатството кај сиромашните и богатите.
28% од Русите се плашат од економска криза.
Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.
Претплатете се
на нашиот билтен!
Добивајте ги најдобрите стории на неделата директно во вашето сандаче