Првиот авион од марката Јак-242 ќе полета во април 2016 година, соопшти во понеделникот вицепремиерот Дмитриј Рогозин, а пренесува ИТАР-ТАСС.
„Веќе постојат делови од новите авиони МС-21-300 и тие се составуваат. Според планот за производство на тој авион, кој ќе ја има ознаката Јак-242, првиот примерок ќе биде готов и ќе полета во април 2016“, изјави Рогозин на советувањето со премиерот на Русија, Дмитриј Медведев.
Тој истакна дека веќе се нарачани 150 авиони од тој тип. „Корпорацијата ‘Иркут’ има план да произведе 900 авиони, и од 2018 година да произведува по 50 авиони годишно“, изјави вицепремиерот. „Во оваа класа најбараниот авион бара да собере до 180 патници“, додаде тој.
Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.
Претплатете се
на нашиот билтен!
Добивајте ги најдобрите стории на неделата директно во вашето сандаче