ЕУ може да им забрани на руските државни компании да добиваат кредити од Европа, пишува The Financial Times, повикувајќи се на документ на Европската комисија во кој се наоѓаат новите предлози за санкциите против Русија.
Не е исклучено слична забрана да биде воведена и против руските компании од одбранбениот сектор. Во јули ваква мерка беше применета и кон некои од руските банки, пишува весникот.
Како што додава весникот, „Лукоил“ и „Сургутнефтгас“ не би се нашле во списокот на идните санкции, бидејќи во нив државата учествува со помалку од 50%.
Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.
Претплатете се
на нашиот билтен!
Добивајте ги најдобрите стории на неделата директно во вашето сандаче