Кремљ и НАТО го поздравуваат договорот за прекин на огнот во Украина

Кремљ и НАТО го поздравуваат договорот постигнат на заседанието на контактната група во Минск.

Кремљ и НАТО го поздравуваат договорот постигнат на заседанието на контактната група во Минск.

„Во администрацијата на претседателот на Русија се поздравува потпишувањето на протоколот после консултациите на контактната група за реализација на иницијативите на претседателот на Русија, Владимир Путин и претседателот на Украина, Петро Порошенко“, изјави Дмитриј Песков, а пренесува „Интерфакс“.

Песков забележа дека во Москва „се изразува надеж дека сите точки од документот и постигнатиот договор ќе биде реализиран од страните“.

Андерс Фог Расмусен после самитот на Алијансата исто така изјави дека организацијата „топло го поздравува“ потпишувањето на договорот за прекин на огнот меѓу Киев, ДНР и ЛНР. 

Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.

Овој веб-сајт користи колачиња. Кликнете овде за да дознаете повеќе.

Прифати колачиња