Путин се договори со Порошенко за мирно разрешување на ситуацијата во Украина

Рускиот претседател Владимир Путин изјави дека се договорил со украинскиот претседател Петро Порошенко за мирно разрешување на украинскиот конфликт, но исто така изјави дека е тешко да се верува дека припадниците на народната одбрана ќе чекаат во исчекување на ветените преговори.

„Петро Алексеевич и јас се договоривме никој повеќе да не ги повтори оние грешки кои се случија во Украина со вооруженото освојување на власта. Впрочем, тоа е главната причина на тоа што во моментов се случува“, изјави претседателот на Русија во интервју за „Првиот канал“.

Претседателот Владимир Путин нагласи дека е неопходно да се започне со реализација на мирен план за регулирање на ситуацијата во Украина. Освен тоа, треба да се одржат преговори за прашањата околу државноста на југоистокот, додаде тој. 

Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.

Повеќе возбудливи стории и видеа на Фејсбук страницата на Russia Beyond-Македонија

Овој веб-сајт користи колачиња. Кликнете овде за да дознаете повеќе.

Прифати колачиња