Германски медиуми: Полска, Канада и балтичките земји предложија да се раскине актот НАТО-Русија

Полска, Канада и балтичките земји повикаа да се раскине Основниот акт НАТО-Русија, и со тоа да се укине ограничувањето на бројот на војници на Алијансата во државите на поранешниот источен блок, јавуваат извори во германската влада и седиштето на НАТО во Брисел.

Германија е против тоа, но извор во германските дипломатски кругови изјави за „Шпигл“ дека „со секој нов руски воен потег, Берлин сѐ потешко ја брани таа позиција“, пренесува „Дојче веле“.

Претходно германските медиуми јавија дека НАТО планира да размести пет бази на територијата на Летонија, Литванија, Естонија, Романија и Полска. Генералниот секретар на Алијансата, Андерс Фог Расмусен изјави дека Алијансата има причина за зголемено присуство во Источна Европа. 

Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.

Овој веб-сајт користи колачиња. Кликнете овде за да дознаете повеќе.

Прифати колачиња