Западни медиуми: Путин го „тестира“ Западот со Украина

Мислење на странските медиуми за последните случувања во Русија и Украина.

Претседателот на Русија, Владимир Путин најверојатно смета дека зачувувањето на Украина во сферата на влијание на Русија е далеку поважно за Москва, отколку поттурнувањето на Киев накај американските и европските сојузници, пишува The Wall Street Journal. Според мислењето на весникот, на Кремљ му се чини дека води многу поконкретна политика за постигнување на своите цели отколку САД или Брисел.

Освен тоа, изданието забележува дека во моментов Путин има огромна поддршка од населението на Русија, но во случај на продлабочување на украинската криза и во иднина, статистичките показатели можат да се променат.

Financial Times пишува дека дејствата на Русија на истокот во Украина можат да доведат до засилување на санкциите против Москва. The Christian Science Monitor го разгледува прашањето на западните санкции и напомнува дека мерките на САД и ЕУ против Русија, кои беа воведени минатиот месец, речиси не дале никаков ефект.

Од своја страна, The New York Times смета дека во случајот со Украина, рускиот претседател го „тестира“ Западот. 

Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.

Овој веб-сајт користи колачиња. Кликнете овде за да дознаете повеќе.

Прифати колачиња