Кримскиот федерален универзитет договори соработка со Централниот научно-истражувачки институт на Роскосмос, пренесува „Газета.ру“.
Потпишувањето на договорот се изврши за време на посетата и средбата на министерот за образование и наука на Русија, Дмитриј Ливанов со професорите на универзитетот на Крим.
Според договорот, предвидено е далечинско сондирање на Земјата, набљудување и проучување на астероидите и кометите, како и опасноста која може тие да ја претставуваат за Земјата, следење на вселенскиот отпад, како и разработка на наноматеријали за ракетно-космичката техника.
Се планира создавање на заеднички студентски лаборатории, истражувачки групи, катедри, како и одржување пракса за кримските студенти.
Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.
Претплатете се
на нашиот билтен!
Добивајте ги најдобрите стории на неделата директно во вашето сандаче