Министерство за надворешни работи на Русија: Инцидентот со авионот на Сергеј Шојгу нема да остане без одговор

Постапката на Полска со авионот на министерот за одбрана на Русија, Сергеј Шојгу нема да остане без соодветна реакција на Русија.

Постапката на Полска со авионот на министерот за одбрана на Русија, Сергеј Шојгу нема да остане без соодветна реакција на Русија. Во Москва забраната за прелетување на авионот на Шојгу над територијата на Полска е оценета како грубо кршење на нормите на етиката на меѓудржавната комуникација. Ова е соопштено во соопштение на Министерството за надворешни работи на Русија.

Во петокот во градот Банска Бистрица (Словачка) беше одржана свеченост по повод 70-годишнината од Словачкото национално востание против нацистичките окупатори, на која Руската Федерација беше претставувана од министерот за одбрана, Сергеј Шојгу.

„Меѓутоа, за време на враќањето дојде до недопустлив инцидент. Полската страна, која дозволи авионот да помине преку нејзината територија накај Словачка, не даде дозвола за прелет назад во Москва, наводно поради технички причини“, изјавено е во министерството.

Во Министерството за надворешни работи на Русија нагласено е дека полските власти дури после енергичниот демарш од руската страна се согласиле да ја потврдат дозволата за лет над територијата на Полска. 

Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.

Повеќе возбудливи стории и видеа на Фејсбук страницата на Russia Beyond-Македонија