САД немаат докази за навлегување на руската војска во Украина

Официјалниот претставник од Стејт департментот на САД, Џен Псаки, изјави дека Вашингтон нема независна потврда дека илјадници руски војници навлегле на територијата на Украина, пренесува РИА „Новости“.

На 28 август претставници на НАТО изјавија дека забележале 20.000 руски војници во реонот крај границата со Украина, а уште дека повеќе од илјада војници учествуваат во воените дејства на територијата на Украина.

„Немаме причини да се сомневаме во тие податоци, но ние немаме независна потврда или дополнителни детали“, изјави Псаки.

ООН исто така не ги потврди информациите за навлегување на руската војска во Украина. 

Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.

Овој веб-сајт користи колачиња. Кликнете овде за да дознаете повеќе.

Прифати колачиња