Претставниците на НАТО и американското разузнавање изјавија дека повеќе од илјада руски војници учествуваат во воените дејства на територијата на Украина, пренесува Ројтерс.
„Според нашите оценки, повеќе од илјада руски војници во моментов се наоѓаат во Украина. Тие ги поддржуваат сепаратистите и војуваат заедно со нив“, изјави офицер на НАТО во Белгија.
Според податоците на каналот CNN, властите на САД сметаат дека руските војници и руската тешка воена техника веќе се борат во Новоазовск.
Претходно претседателот на Украина, Петро Порошенко изјави дека руската армија навлегла во Украина.
Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.
Претплатете се
на нашиот билтен!
Добивајте ги најдобрите стории на неделата директно во вашето сандаче