Меѓународните производители на автомобили ќе заминат на изложбата во Москва, без разлика на политичките ризици кои се актуелни, пишува The Times. Како што забележува весникот, после приклучувањето на Крим кон Русија, конфликтот на истокот во Украина и падот на малезискиот Боинг, деловниот свет делумно ги следи последиците кои можат да влијаат врз репутацијата поради тргувањето со Русија.
Сепак, оваа недела многу претставници на автомобилската индустрија ќе заминат во рускиот главен град на Московската меѓународна изложба на автомобили. Некои од компаниите дури изјавија дека планираат да продолжат работата „со големата мечка“, се кажува во статијата. Пример за тоа е компанијата Нисан, која е најголема јапонска марка во Русија.
Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.
Претплатете се
на нашиот билтен!
Добивајте ги најдобрите стории на неделата директно во вашето сандаче