Анкета: Русите не ги сакаат Апхазија и Јужна Осетија во составот на Русија

Повеќе од половина од Русите (52% и 51%) сметаат дека Апхазија и Јужна Осетија треба да бидат независни држави, сведочат резултатите од анкетата спроведена од „Левада-центарот“.

Повеќе од половина од Русите (52% и 51%) сметаат дека Апхазија и Јужна Осетија треба да бидат независни држави, сведочат резултатите од анкетата спроведена од „Левада-центарот“.

Пред една година приклучување на Апхазија кон Русија сакале 30% од Русите, а сега појавата на новиот субјект во државата го сакаат само 25%. Резултатите за Јужна Осетија се речиси исти: 29 и 34%.

Треба да се додаде дека до августовската војна во 2008 година Јужна Осетија ја сметаа за руска територија околу половина од анкетираните, а Апхазија – третина. 

Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.

Овој веб-сајт користи колачиња. Кликнете овде за да дознаете повеќе.

Прифати колачиња