Москва создава дополнителни мерки во случај Западот да ја продолжи политиката на санкции, пренесува РИА „Новости“, повикувајќи се на портпаролот на претседателот на Русија, Дмитриј Песков.
„Се разгледуваат различни варијанти. Многупати кажавме дека Русија не го сака јазикот на санкциите, и не беше иницијатор на истите. Но во случај нашите партнери да продолжат со неконструктивната пракса, тогаш се подготвуваат дополнителни мерки“, изјави Песков.
Претходно Русија како одговор на санкциите на Западот го ограничи увозот на одредени производи од САД, ЕУ, Канада, Австралија и Норвешка. Во списокот на производи се најдоа говедското, свинското, птичјото месо, млечната продукција, овошјето, зеленчукот и други продукти.
Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.
Претплатете се
на нашиот билтен!
Добивајте ги најдобрите стории на неделата директно во вашето сандаче