В.д. шефот на Крим, Сергеј Аксјонов, изјави дека возачите кои чекале ред за да преминат со траект низ Керченскиот мореуз - го превртиле автомобилот на еден од пратениците на Државната дума, кој се обидел да помине преку ред.
„Вчера, како што ми кажуваат луѓето, бил превртен автомобилот на еден пратеник од Државната дума кој се обиде да помине преку ред. Никакви статуси и должности не спасуваат од народната правда. Тоа, патем, е показател како треба да се одвиваат нештата: нарушувате - ве казнуваат“, забележа Аксјонов.
Според него, пратениците би требало да преземат мерки после оваа случка за да се растовари транспортот на автомобили преку Керченскиот мореуз во Крим.
„Најправичен суд е оценката на граѓаните за работата на функционерите... Луѓето таму чекаат и по 40 часа... пратениците треба да се погрижат да ја решат ситуацијата“, изјави Аксјонов.
Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.
Претплатете се
на нашиот билтен!
Добивајте ги најдобрите стории на неделата директно во вашето сандаче