Рон Пол: Санкциите кои САД ги воведува кон Русија можат да го ослабат доларот

Политиката на санкции кои САД ја спроведува кон Русија и другите држави може да ја загрози позицијата на доларот како основна меѓународна валута. Ова мислење го изнесе во својот блог поранешниот кандидат за претседател на САД, познатиот конзервативен идеолог Рон Пол.

„Одлуката на САД да воведе санкции против Русија е грешка која само ќе предизвика ескалација на ситуацијата, и на крај ќе нанесе штета на американската економија“, уверен е Пол. „Тешко е да се оцени ефектот кој ќе го имаат санкциите врз доларот во краткорочна перспектива, но долгорочно гледано тие можат да бидат само уште еден чекор кон слабеење на улогата на доларот како светска валута“.

„САД се обидуваат во политиката на санкции да ги привлечат и државите на ЕУ, но од тие ограничувања ЕУ може да има иста штета колку и Русија, особено ако се земе предвид трговијата меѓу ЕУ и РФ“, смета тој.

„Ако администрацијата на Барака Обама и неговите следбеници продолжат да воведуваат санкции на секоја држава чија политика на ѝ се допаѓа, тогаш сѐ повеќе земји ќе ги избегнуваат трансакциите со долари, па соодветно на тоа, валутата ќе го изгуби своето место во светот“, заклучи Пол. 

Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.

Овој веб-сајт користи колачиња. Кликнете овде за да дознаете повеќе.

Прифати колачиња