Москва е подготвена да прифати улога на посредник во преговорите меѓу Киев и југоистокот на Украина, изјави секретарот на Советот за безбедност на Русија, Николај Патрушев.
Тој нагласи дека Русија не е страна во судирот, но случувањата се одвиваат во непосредна близина на руската граница, па затоа Москва е заинтересирана за воспоставување мир во Украина.
Патрушев го прокоментира масовното преминување на украинските војници преку руската граница во Ростовската област на 4 август. Според него, тоа е направено поради неподготвеноста да се војува со сопствениот народ.
Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.
Претплатете се
на нашиот билтен!
Добивајте ги најдобрите стории на неделата директно во вашето сандаче