Министерството за одбрана на Русија ѝ советува на Псаки да користи атлас

Во Министерството за одбрана на Русија се обеспокоени поради „отсуството на елементарни географски познавања“ кај началникот на прес-службата на САД, Џен Псаки, и ѝ советуваа да користи атлас при подготовката на нејзините извештаи, пренесува ИТАР-ТАСС.

Оваа изјава Министерството за одбрана ја даде откако во САД изразија обеспокоеност поради воените вежби на Воените сили на Русија „недалеку од украинската граница“.

Според зборовите на официјалниот претставник на МО, руското министерство смета дека „таквите изјави на официјалниот претставник на САД за вежбите на Русија во Астрахањнската област се приказ на отсуството на елементарни географски познавања кај госпоѓа Џенифер Псаки“.

„Полигонот Ашулук во Астрахањската област се наоѓа 1.000 километри од руско-украинската граница. Поради тоа, при подготовката на било какви изјави кои ја потресуваат светската јавност, полезно би било да се проучи не само информацијата од социјалните мрежи, туку и да се користат официјални извори, на пример, интернет-страницата на Министерството за одбрана на Русија и географски атлас“, напомни официјалниот претставник на МО на Русија. 

Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.

Овој веб-сајт користи колачиња. Кликнете овде за да дознаете повеќе.

Прифати колачиња