Руските вирусолози пристигнаа вчера во Гвинеја за да учествуваат во борбата против еболата, пренесува „Руската служба за вести“.
Според зборовите на изворот, во борбата против еболата заминаа најдобрите специјалисти од Русија, академикот Виктор Малеев и професорот Михаил Шчелканов, кои веќе се занимавале со епидемии во различни региони.
Претходно Светската здравствена организација изјави дека последиците од распространувањето на треската во можат да бидат катастрофални. Организацијата ќе потроши 100 милиони долари за борба со еболата, чии жртви веќе станаа 700 лица во Западна Африка.
Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.
Претплатете се
на нашиот билтен!
Добивајте ги најдобрите стории на неделата директно во вашето сандаче