Fitch: западните санкции ќе предизвикаат намалување на производството на нафта во Русија

Западните санкции против Русија ќе доведат до намалување на производството на нафта и наоѓалиштата во Западен Сибир. Поради санкциите може да биде одложена реализацијата на новите проекти за освојување на арктичкиот брег, објавено е во извештајот на меѓународната агенција Fitch.

Агенцијата смета дека воведените санкции негативно ќе влијаат на заедничките претпријатија во кои учествуваат руските компании (со Exxon Mobil, Royal Dutch Shell, BP).

Според мислењето на Fitch, руските компании немаат доволно искуство со работа на нетрадиционални места за производство на нафта. Освен тоа, потребна е специјална опрема и технологии, и затоа за тоа прашање руските компании имаат потреба од западни партнери. 

Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.

Овој веб-сајт користи колачиња. Кликнете овде за да дознаете повеќе.

Прифати колачиња